| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на марш со жените „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“

Под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“ Форумот на жени на СДСМ денеска во Куманово го организира традиционалниот марш во чест на 8 Март.

На маршот ќе се обрати и премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, генералниот секретар Александар Кирацовски и координаторката на Форумот на жени  на СДСМ, Цветанка Ласкова.

Почетокот на Маршот е пред затворениот базен во Куманово, преку „Октомвриска“ улица се до Центарот на Куманово.

Маршот се организира шестта години по ред, во различни градови низ Македонија, а на него маршираат илјадници жени од Републиката за обнова и развој на правата на жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top