Социјалдемократската партија (СПД) синоќа почна со пребројување на гласовите од членови, кои се изјаснуваа дали се „за“ предложената коалициска влада со конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел.
Од резултатите од гласањето зависи дали Меркел ќе формира нова влада.
Гласовите цела ноќ се пребројуваа во седиштето на СПД во Берлин, а резултатите ќе бидат соопштени утрово.
Ако мнозинството членови на СПД гласало „да“, тогаш Меркел четвртипат ќе биде канцелар на Германија, но ако се изјасниле „не“ тоа ќе предизвика нов бран на несигурност.
Околу 460.000 членови на СПД имаат право на глас. Партиските лидери очекуваат дека поголемиот број од членовите се изјасниле за коалиција со Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст