| четврток, 6 декември 2018 |

Колку сезони се молевме за нивната љубов?! Љубовни двојки од омилените серии

Љубовните заплети и расплети на Рејчел и Рос од „Пријатели“, Кери и Фаца во „Сексот и грдот“ или пак згодните доктори Дерек и Мередит во „Вовед во анатомија“ ги следеле милиони ширум светот, а еве колку точно епизоди им требале за да конечно им се препуштат на чувствата.

Телевизиски љубовни парови

На некои од најпопуларните телевизиски парови им требала цела вечност за да нивните љубовни патишта се испрекрстат, а токму поради тоа со нетрпение се очекувале новите епизоди – да видиме како напредува „хемијата“ помеѓу нив.

Рејчел и Рос – „Пријатели“

Рејчел, која во серијата „Пријатели“ ја отелотворува Џенифер Анистон, па Рос кого одлично го играл Дејвид Шимер, се еден од најпопуларните ТВ парови кои сите ги обожувале. Иако, според сценариото, се познавале уште од самиот почеток на серијата (од рана млдост, бидејќи Рејчел е најдобра пријателка на сестрата на Рос, Моника), до моментот кога сфатиле дека навистина се сакаат минале неверојтни 236. епизоди.

Сите кои внимателно ја следеле оваа култна серија знаат како се одвивал нивниот љубовен пат. Тој бил вљубен во неа од првиот момент, но времето и среќата никогаш не биле на негова страна. Долго го гледала исклучиво како пријател, додека еден ден сама на себе не си признала колку е всушност и’ таа вљубена. Во текот на десетте сезони на серијата нивната љубов наидува на многу препреки, а дури во 18. епизода од последната сезон завршуваат заедно.

Кери и Фаца – „Сексот и градот“

Големата љубов на стилската новинарка од Менхетн, Кери Бредшо и успешниот бизнисмен, кого гледачите го знаат под прекарот Фаца, на крајот завршува со брак и среќен заеднички живот, но на сето тоа им претходат разочарувања, измами и лаги кои овој однос го ставаат на проба. И, додека во текот на шест сезони на емитување на серијата се обиделе да пронајдат нови партнери, длабоко во себе Кери и Фаца знаеле дека се сродни души.

Дури во 20. епизода од последната сезона можевме да ја видиме фаталната средба на овие љубовници во Париз, што би значело дека им требале 94. епизоди да сфатат дека всушност сакаат да бидат заедно.
Потоа во две филмски продолжувања повторно ги следиме нивните доживувања, кога Фаца ја остава Кери пред олтарот, но затоа вториот филм покажува дека после години барање конечно пронашле компромис и научиле да функционираат во брачна заедница.

Мередит и Дерик – „Вовед во анатомија“

Иако ќе се „фатат“ уште во пилот епизодата, доктор Дерик, кого во серијата го глуми Патрик Демпси, и неговата колешка Мередит која ја отелотворува Елен Помпео, уште долго нема да ги гледаме заедно.Во текот на полни 97. епизоди гледачите доѓаат на свое, кога овие двајца повеќе не можат да ја совладуваат страста.

Во 19. епизода во петтата сезона следи романтична просидба во лифт во болница, после што сите здивнуваат бидејќи после сите успони и падови тоа било знак дека омилениот пар останува заедно.

Самер и Сет – „The O.C.“

Симпатичната тинејџерска љубов која имавме можност да ја следиме во серијата „The O.C.“ своето големо финале и среќен крај го добива дури после 92. епизода и тоа пред самото завршување на серијата.

Сепак, она што многумина ги терало да ја следат оваа американска серија биле љубовните заплети на Самер и Сет од првата сезона, кога овие двајца вљубени тинејџери завршуваат во кревет.

Пејси и Џои – „Dawson’s Creek“

Од последната епизода на серијлот „Dawson’s Creek“ минале две децении, но многумина и денес памтат во какви проблеми била, тогаш многу помладата Кејти Холмс која го глумела ликот на Џои Потер, млада девојка која се бори со чувствата кон двајца момчиња.

На крајот на серијата, поточно после 128. епизоди се нашле во прегратка на Пејси Витер кого го глуми Џошуа Џексон, а иако многумина од почетокот навивале Џои да заврши со главниот лик Даусон Лер, тоа не се случило.

Моника и Чендлер – „Пријатели“

Во серијата „Пријатели“, освен љубовта на Рејчел и Рос, следевме уште еден вљубен пар кој со својата љубов покажа како треба да изгледа стабилна врска. Хемијата помеѓу Моника (Кортни Кокс) и Чендлер (Метју Пери) постоела многу пред да завршат заедно. Но, дури после 96. епизоди, во текот на одењето на венчавката на Рос во Лондон, тие завршуваат заедно. Потоа следат неколку недели во кои успешно ја криеле својата романса. Следи вселување и заеднички живот, а потоа и венчавка од бајките.

Чак Бас и Блер Вадорф – „Озборувачка“

„Три зборови, осум букви – кажи ги и твоја сум“ е култната реченица која во текот на серијалот „Озборувачка“ постојано ја повторувала Блер Валдорф на својот партнер, познатиот заводник Чак Бас.

На самиот почеток нивниот однос и не бил баш идиличен, но како се развива дејствието, добива на тежина, а после 121. епизода младата богаташка од Менхетн конечно го слушнала она што долго го барала. Дека ја сака повеќе од било што, Чак и рекол на крајот на последната, шеста сезона.

Извор: Екран

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top