Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштуваат дека времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во утринските часови во крајните југозападни делови на земјава ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, особено повеќе ќе бидат застапени во западниот дел на земјава. Преку денот врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Во Скопје слично време, облачно, во раните утрински часови можен е слаб краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди, но локално се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено и засилен ветер главно од јужните правци, поизразен на планините и на југот од земјава. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка, посочуваат од УХМР.
Од идната недела се очекуваат повисоки дневни температури.Во среда дневната температура ќе достигне до 19. степени. Во понеделник утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната од шест до 12. степени, во вторник од три до осум степени и од 10. до 15. степени, а во среда утринската од два до шест степени, а дневната температура од осум до 19. степени. Во четврток утринската температура ќе се движи од три до шест степени, а дневната од 10. до 17. степени, додека во петок утринската температура ќе се движи од нула до три степени, а дневната од 11. до 17. степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст