| четврток, 6 декември 2018 |

Младиот Иван наместо да оди по дискотеки решил да чува јариња – момчето денес има богатство

Иван Јеремиќ кој има само 22 години и живее во Србија, наместо да оди по кафулиња и дискотеки како повеќето од неговите врсници и лудо да се забавува, се одлучил да оди на село, да се смири и да купи животни, па така развил бизнис кој му носи многу пари.

Тој за 4 години направил производство од 20 тони козјо млеко, кое му носи пари за цело семејство и вели животот на село не би го менувал за ништо, иако на некои тоа им е чудно.

– Бараше од мене по школото да оди во војска иако не мораше, а потоа да дојде тука, да живее на село и работи, вели неговиот дедо за српските медиуми.

Така неговото секодневие се сеното, молзењето животни, чистеето и хранењето. Иван им пружа љубов на животните и тие тоа му го враќаат.

Од 20 јариња стигнал до 300, па е прв во крајот. Произведуваат и месо и млеко кои завршуваат и во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top