| четврток, 6 декември 2018 |

Возило во движење се запали во Чаир

Автомобил марка „Застава 101“ попладнево се запали додека се движеше по улицата „Цветан Димов“ во Чаир.

Како што изјавија за МИА од МВР, пожарот избувнал во 17:40 часот додека А.Т.(1991) го управувала своето возило. Пожарот набрзо потоа бил изгаснат, а во гаснењето помогнале граѓани.

Нема повредени во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top