| четврток, 6 декември 2018 |

Марота за желбата на Балотели да игра во Јувентус: Тој е добар играч, но…

Генералниот менаџер на Јувентус Бепе Марота ја искоментира изјавата на Марио Балотели, кој кажа дека сака да се врати во Италија, и тоа во Јувентус или во Наполи.

– Марио Балотели? Убаво е да се гледа како игра. Тој е добар играч, но не го следиме во моментов. Сепак, тој е важен играч и би можел да придонесе за италијанската репрезентација во блиска иднина – изјави Мората пред денешната победа на „старата дама“ против Лацио со 1:0.

Балотели игра за Ница последниве две сезони и со добрите игри повторно го привлече интересот на европските гиганти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top