
Голем број луѓе низ светот се воодушевени од постапката на наставник од Гана кој предава информатика без компјутер, така што на учениците на табла им црта изглед на програмски прозор и објаснува што прави секоја од функциите.

Наставникот на својот Фејсбук профил поставил неколку фотографии од училишницата, каде може да се види тој пред таблата на која црта почетен прозор од програмата Ворд.
„Предавањето информатика во училиштата во Гана е многу смешно“ напишал наставникот пред фотографијата.
Ричард Апија Акото објаснил дека многу си ја сака работата и своите ученици, па мора да направи најмногу што може, со тоа што му е на располагање. Тој рекол дека училиштето каде тој работи нема компјутер од 2011 година и покрај тоа што еден од предметите за упис во средното училиште е информатика.
По големиот интерес на социјалните мрежи и споделувањето на фотографиите, како и големиот број коментари, „Мајкрософт“ ветил дека на Акото ќе му ја обезбеди целосната опрема за предавање на часовите по информатика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


