
Сè додека нема одговорност за привредувањето на пратениците, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прва средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
-Имавме конструктивна средба. Господинот Ахмети дојде да ми го честита изборот како лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски. Мицкоски изјави дека како политичка партија се ориентирани за интеграција во ЕУ и НАТО и ќе ги поддржат сите реформи. „Ќе придонесеме и човеки, но и од поинаков капациет“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. „Не дискутиравме за детали“, рече кратко Мицкоски на прашањето за Законот за јазици. Тој изјави дека средбата не била за преговори за овој закон.
Од математички и политички причини не можеме да учествуваме во работата на Парламентот, рече Мицкоски. „Никој засега нема понесено одговорност зошто некој применил таков чекор, односно без да им биде симнат имунитетот пратениците ги привел, ги држел во лисици, ги понижил пред македонската јавност и затоа сè уште немаме никаква одговорност, кога ќе имаме одговорност ќе дискутираме кои ќе бидат нашите идни чекори, рече Мицкоски. „Мора некој да сноси одговорност за тој чин“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


