| четврток, 6 декември 2018 |

Иванка Трамп е во голема неволја – ФБИ започна истрага

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп која е и негова советничка во Белата куќа, е под истрага на ФБИ поради сомнителен договор направен за хотел во Канада за кој се смета дека има елементи на злоупотреба на службената положба.

Станува збор за хотел отворен во Ванкувер со брендот на организацијата Трамп кој е изграден во 2017 година непосредно откако Доналд Трамп ја презеде претседателската функција. Хотелот е инвестиција на малезискиот тајкун Џо Ким Тиа кој исто така лиценцирал спа центар наречен „Иванка Спа“ како дел од договорот за лиценцирање и маркетинг.

Контра-разузнавачкото одделение на ФБИ ја истражува Иванка за можна поврзаност со влијание на странски сили преку бизнис договорот за добивање на политичко влијание во Белата куќа.

Во јуни 2017 година од Трамп организацијата соопштија дека од овој договор заработиле 5 милиони долари за лиценци и 20 илјади долари за менаџерски услуги. Тие не го поседуваат директно посочениот хотел туку групацијата Holborn која ја води бизнисменот Тиа, а вложени се вкупно 360 милиони долари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top