„Вчера во автобус бр.57 беше прободено со нож моето внуче катили и несовесни неваспитани млади луѓе монструми, што им направи ова дете враќајќи се од училиште нека им служи на чест и ГОСПОД да ги казни“. Вака реагираше еден од членовите на блиското семејство на момчето кое вчера беше нападнато со нож кај Рекорд.
–Момчето е на одделот за интензивно лекување. Детето е во свесна состојба, во подобра состојба е од вчера. Вчера беше донесено во шок, многу искрвавено и со слаб пулс. Беше бледо. Имаше убод во стомакот, тешко е оштетен неговиот црн дроб. Веднаш беше извршена операција и беше приклучено на апарати, а денеска има подобрување, но останува под постојана нега и опсервација за да не се појават компликации, велат од Градската општа болница „Наум Охридски“.
Момчето било прободено три пати, а сите три убоди нанеле тешки повреди на внатрешните органи. Еден од убодите предизвикал и тешка повреда на црниот дроб кај момчето. Во моментот се наоѓа на апарати за поддршка, и се чека да се разбуди, пренесува Досие.мк.
Момчето беше нападнато додека се возело во автобусот со број 57, кога неколку други момчиња од албанска националност му зариле нож во стомакот. Неофицијално, расправијата започнала поради мобилниот телефон, кој напаѓачите сакале да му го одземат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст