| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција: ЕЛЕМ го надмина планот за производство на електрична енергија подготвен од Мицкоски

Од компанијата ЕЛЕМ преку соопштение реагитаат по однос на денешното обраќање на претседателот на опозицискта ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое тој зборуваше за намалено производство на електрична енергија и изврши споредба меѓу 2016 и 2017 година.

„АД ЕЛЕМ сака да информира дека со оглед на лошата ситуација во која поранешниот директор Мицкоски ја остави компанијата, новото раководство на АД ЕЛЕМ не само што го постигна, туку и го надмина планот за производство на електрична енергија, подготвен од неговиот Управен одбор“, стои во соопштението.

Во енергетиката имаме поразителни резултати кои уриваат негативни рекорди (ВИДЕО)

Од ЕЛЕМ истакнуваат дека и покрај испразнетите акумулации во хидроелектраните, повеќе од една година оставен во неисправна состојба генераторот во „Козјак“, празните депонии за јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј, промашената модернизација на двата котли во РЕК Битола, минатата година новото раководство на АД ЕЛЕМ ја завршило со производство на електрична енергија од 4.105 GWh, што, како што се вели во соопштението, е 5% повеќе од планот направен од Мицкоски на почетокот на 2017.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top