| четврток, 6 декември 2018 |

Груби не верува дека полицајката била физички нападната

Пратеникот од ДУИ Артан Груби не верува дека неговиот сопартиец Беќир Асани физички ја нападнал полицајката Јасмина Јаначковска при интервенција за одземњање на непрописно паркирање на автомобил со „пајак“ возило.

Тој во емисијата „Топ тема“ рече дека партијата нема да застане во одбрана на Асани, но и дека нема да бара одговорност од сопартиецот. Според Груби, одговорност, доколку ја има, треба да бара обвинителството. Груби рече да не се банализира случајот со Асани.

Полицајката која вчера беше нападната од Асани, денеска на средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тврд дека функционерот на ДУИ само вербално ја нападнал а повредите ги добила случајно удирајќи се во пајак возилото.

Јавноста не верува во последната официјална верзија на настаните која ја кажува МВР и смета дека случајот политички се „заташкува“ под притисок на функционерот на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top