Вардар е на два чекори до пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта откако на едно коло до крај на мечевите од Главната фаза во ЛШ го потврди првото место и како лидер и фаворит влегува во четврт-финалето. Во меч од 5. коло од Главната фаза Вардар на домашен терен го победи Битигхајм со 30-22 (13-8) и со 16 бода е сигурно првопласиран.
По третпат Главната фаза од ЛШ ја завршува на првото место.
Вардар беше фаворит на оваа средба уште пред да почне натпреварот, а откако гостинките допатуваа во Скопје со 10 ракометарки (8 играчи и два голмана) стана јасно дека „црвено-црните” не би требало да имаат проблеми. Слично беше и на првиот натпревар во Германија кога Битигхајм играше одлично во првото полувреме, а потоа во следните 30 минути вардарки го решија натпреварот со висока предност од плус 12 гола.
Слично како и на претходниот меч во второто полувреме сѐ беше во знакот на Вардар. Амандин Лејно одбрани неколку напади, Вардар реализираше и „црвено-црните” имаа предност од 18-11 по што гостинскиот тренер логично побара тајм аут.
Победата веќе беше обезбедена, но требаше до крај да се заврши задачата и да не се дозволи опуштање. Во средината на полувремето Вардар стигна и до „плус 9″, а нашата клупа веќе почна да прави и измени во тимот, па на крилата веже беа Саздовска и Ристовска, на бек играше Хмирова а на пивотменска позиција играше Марија Петровиќ.
Андреа Лекиќ постигна 8 гола, Сара Ристовска 4, а по три постигнаа Пенезиќ, Радичевиќ и Цвијиќ
Во последното коло Вардар гостува кај Будуќност во Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст