| четврток, 6 декември 2018 |

Свештеникот кој беше фатен со дрога често одел во Албанија, тврдел дека таму пронаоѓа мир

Свештеникот Милан Јордовиќ и професорот по веронаука Зоран Маринковиќ биле уапсени пред неколку дена во близина на српски Чачак, откако полицијата во автомобилот во кој што патувале пронашла 27 килограми марихуана. Дрогата се наоѓала сместена во 52 пакети во специјално направен бункер во возилото Фолксваген Пасат.

Свештеникот Милан Јордовиќ богослужбата ја завршил во Призрен, а еден од жителите на неговото место Радовац, за српските медиуми изјавил: „Ми рече дека често патува во Албанија за да ги посетува тамошните православни манастири, ми велеше дека е фасциниран од тие свети места и дека таму пронаоѓа духовен мир“.

Сепак, луѓето од неговиот крај се убедени дека Јордовиќ е чесен човек и тврдат дека се му било подметнато. Свештеникот наводно воопшто не знаел што се наоѓа во автомобилот кој што не бил ниту во негова, ниту во сопственостна Маринковиќ.

Според неговите соседи, 41-годишниот свештеник бил примерен, угледен и семеен човек кој што бил посебно авторитетен меѓу останатите свештеници.

„Доколку некој друг беше уапсен кој што го познавам, ај некако, но поп Јордо… Тој е последниот човек во кого би вперил прст дека се занимава со нешто нечесно. Не можам да поверувам. Ниту еден друг свештеник не беше толку човечен и толку посветен на работата и верата. Ако тој лично не признае дека е вмешан во ова, никој не може да ме убеди дека тој е дилер“, изјави еден од неговите соседи за српски „Блиц“.

„Ми рече дека често патува во Албанија за да ги посетува тамошните православни манастири, ми велеше дека е фасциниран од тие свети места и дека таму пронаоѓа духовен мир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top