| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за здравство на Зимбабве се пожали: Кинеските кондоми се премали за нашите мажи

Кинески производител на кондоми соопшти дека размислува да почне да произведува кондоми со концекциски број по реакцијата на минисетрот за здравство на Зимбабве дека контрацептивите направени во Кина и извезени во африканската земја биле премногу мали за тамошните мажи.

Министерот за здравство Дејвид Парирјеатва им најде замерка на кинеските кондоми на промоција на заштита и превенција од ХИВ / СИДА, што се одржа минатата недела во главниот град на Зимбабве Хараре.

-Јужноафриканскиот регион има највисока стапка на заразени од ХИВ и промовираме употреба на кондоми, рече Париренетјава и додаде: „Младите сега имаат одреден кондом што им се допаѓа, но ние не ги произведуваме. Увозуваме кондоми од Кина, а некои мажи се жалат дека се премногу мали“.

Министерот најавил дека се разгледува можноста земјата да почне да произведува кондоми наместо да се потпира на увозот, а на тој начин и ќе може да се задоволат потребите на африканските мажи.

Жао Чуан, главен извршен директор на производителот на кондоми „Пекинг Даксијанг“ изјави дека фирмата планирала да направи контрацептивни средства во различни големини.

-Што се однесува до различните барања на потрошувачите, како што е Зимбабве, имаме обврска да излеземе во пресрет, а за таа цел започнавме да правиме истражувања за податоците на корисниците во регионот за да се подготват за идните производи со различни големини.

Жао вели дека мажите во светот имаа различен вкус за кондоми – Кинезите поретпочитаат тенки и не се грижат за големината, а Американците, пак, сакаат меки.

Зимбабве е една од земјите во супсахарска Африка најтешко погодена од ХИВ / СИДА, околу 13,5 отсто од возрасната популација заразена со вирусот.

Употребата на кондоми е клучен начин да се ограничи ширењето на инфекцијата. Земјата стана една од првите пет увозници на кондоми во светот.

Кина е еден од најголемите светски производители на кондоми, со околу 300 производители на кондоми кои произведуваат околу 3 милијарди контрацептиви секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top