| четврток, 6 декември 2018 |

И Шмизлата го дразни Грчев – ќе лета

„Набљудувачот“, „Шмизлата“, „Бикот“, „Девојчето“ и уште 30-ина скулптури што беа распределени низ централното градско подрачје во 2009 година биле поставувани со решение слично на тоа кога се поставуваат клупи и огради, поточно биле третирани како урбана опрема.

Работната група при Министерството за култура вчера го доставила елаборатот за проектот „Скулптури“ до министерот за култура, во кој се констатирани низа неправилности и незаконитости во реализација на проектот наменет за разубавување на градот.

Според Мирослав Грчев, претседател на работната група, и за скулптурите како и за сè друго што беше одлука на минатата власт се постапувало самоволно и незаконски.

-Во елаборатот што го доставувме до министерот за култура ги образложивме сите аргументи со кои се укажува на криминално и бесправно работење кога се поставуваа овие скулптури во градот. Тие биле изработувани од уметници, но решението за да бидат ставени во градот, не е воопшто како што треба да има правната запазеност во случајот. Со ова уште еднаш ни покажаа дека урбаниот хаос што го создаваа трошејќи ги народните пари го правеле над законот непочитувајќи никакви регулативи, вели Грчев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top