| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Информациите дека полициската службеничка била физички нападната се чиста шпекулација

Министерството за внатрешни работи попладнево преку соопштение категорично ги отфрли, како што велат оттаму, шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка, Јасмина Јаначковска, било извршено физичко насилство.

„Исто така, категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството за овој и за сите други случаи настапува максимално транспарентно со единствена цел јавноста да биде вистинито информирана“, стои во соопштението од министерството.

Нападнатата полицајка: Има видео на кое се гледа целиот настан, не можам да го лажам министерот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top