Нападната полицајка Јасмина Јаначковска за „Макфакс“ објаснува дека непотребно се кренала врева за целиот случај со нападот од функционерот на ДУИ, Бекир Асани. Таа тврди дека немало физички контакт во ниту еден момент.
-Постои видеодокументација од надзорните камери, се гледа целиот настан. Не можам да го лажам министерот за внатрешни работи затоа што тогаш би подлежела и под кривична одговрност. Однесувањето на лицето беше премногу вулгарно и доколку имало напад, никогаш не би го толерирала, без разлика што би се случило понатаму. Не знаев кој беше човекот, но не ме ни интересира. Немав физички контакт со него, а од кафеана излегоа пријатели што го тргаа настрана и му викаа: „Немој, не тепај ја“. Во тој момент ја зедов радиоврската и повикав засилување со цел да превенирам да не дојде до такво нешто. Кога се свртев, раката ја удрив од пајак-возилото. Немав сериозни повреди, само се удрив од возилото, вели полицајката Јаначковска, водич на безбедносен реон, за „Макфакс“.
Полицајката вели дека била во болница, но тоа било превентивно бидејќи осетила болка од ударот, а лекарите утврдиле дека нема никакви повреди.
Утрово по покана од министерот за внатрешни работи, Јаначковска го раскажала случајот и лично му објаснила дека не е повредена, туку сама се удрила. МВР информира за средбата и за изјавата на полицајката по што пристигнаа лавина рекации на социјалните мрежи.
„Вонредна прес-конференција на ‘Градски паркинг’, пајакот ќе се извинува во живо; Не ме удри никој, ме касна пајак; Лицето Бекир А. толку вербално ја нападнал што таа изгубила рамнотежа, при што настанало судир на полициската службеничка со возило од пајак-службата; Условно за цајканката и решена работа. Судија?; -Мамо, кога ќе пораснам, сакам да бидам полицајка. Никако ќерко, сакаш ли пајак да те тепа?; Агресивна полицајка нападна пајак, а тој го возврати ударот; Вистински пајак не удира полицајка“, се само дел од коментарите што кружат на социјалните мрежи.
Министерот Спасовски ѝ оддаде признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и истакна дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално во согласност со своите законските овластувања.
Бекир Асани, поранешниот претседател на партискиот разгранок на ДУИ во Чаир, по инцидентот кај „Мавровка“ бил повикан во Полициската станица Бит-пазар по што полицијата изготвила записник за прекршување на јавниот ред и мир, соопшти МВР.
Асани пред 5 години ја предводеше групата што се обиде да го искрши споменикот на цар Душан на мостот „Око“, а самиот со голем чекан удирал по споменикот. Асани во 2008 година физички го нападнат новинарот Лирим Дулови во зградата на македонското Собрание. За него МВР има регистрирано неколку инциденти.
Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. Функционерот на ДУИ пред две години бил уапсен во Србија за сообраќаен прекршок. За него медиумите пишуваа дека му се заканувал на сегашниот премиер Зоран Заев дека доколку се појави некој од прислушуваните разговори меѓу функционери на ДУИ, ќе биде лошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст