Американскиот амбасадор во Република Македонија Џес Бејли денеска го посети Кавадарци и оствари средба со градоначалникот Митко Јанчев.
– Амбасадодорот на САД во РМ ја поздрави соработката помеѓу градоначалникот на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството во Советот од СДСМ, изјави по средбата кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Јанчев и Бејли констатирале дека Кавацарци е единствената општина во Македонија во која беспрекорно функционира градоначалникот да е од една опција, а Советот да биде од друга, а разговарале и на други општествени, економски и политички теми.
-Ми се чини дека американската амбасада е доста инволвирана во сите ситуации и е доста добро запознаена со функционирањето на општините и на Владата, така што можеме да очекуваме поддршка во секој дел, нормално таа поддршка може да биде и материјална и финансиска и со инвестиции во делот на развој на економијата, рече градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст