| четврток, 6 декември 2018 |

Масовен собир пред Мавровка во 18 часот

Масовен собир пред ТЦ „Мавровка“ е закажан за денеска во 18 часот, а граѓаните кои ќе дојдат на протестот ќе имаат ретка можност да се себеудираат во пајак-службата.

Јавноста ѝ изразува нескриена поддршка на полицајката која беше нападната од функционерот на ДУИ Бекир Асани, но ја смени изјавата и рече дека самата се удрила во возилото на пајак-службата. Убедена дека врз полицајката е извршен притисок за да ја смени изјавата, јавноста се обидува преку иронија да ја разбуди власта да воспостави правна држава.

Дотогаш, масовно ќе се себеудираме во пајаци.

#МакедонијаЖална

Кој врши притисок врз полицајката да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top