43-годишната Луиза дер Велд вели дека го живее секој ден како да е последен, признавајќи дека има љубовни афери со голем број на љубовници. Вдовицата и мајка на две деца, Луиза ван дер Велде признава дека после смртта на својот сопруг спиела со 80 оженети мажи.
Луиза, која инаку е секс терапевт зборува дека жените на нејзините љубовници знаат за изневерувањата, но замижуваат на тоа, бидејќи не се заинтересирани за секс.
-Со сопругот одлучивме да имаме отворена врска во последните години од нашиот брак. Па така продолжив и после неговата смрт, тоа ме научи дека секој ден треба да се живее како да е последен, вели Луиза, чиј сопруг ненадејно починал на 34 годии. Тие заедно имаат две деца, едното има 12, а другото 17 години.
-Традиционалниот брак често не успева, бидејќи е заснован на модел кој не е променет 150 години. Голем број на жени може да се обвини само себе поради тоа што мажите ги изневеруваат. Тие едноставно ја губат волјата за секс и ја напуштаат спалната соба. Потполно се посветуваат на децата и домаќинството и престануваат да размислуваат за својот брак и сопруг. Не ми е воопшто чудно тоа што мажите ги изневеруваат жените. Секако, очигледно е дека и некои мажи можат да живеат без секс, па не ги обвинувам ни жените кои изневеруваат, вели Луиза.
Таа вели дека нејзиното животно дело е тоа што својата сексуалност ја искористува до максимум, па ги советува другите жени да не ја осудуваат поради нејзините лични одлуки.
-Луѓето би требало помалку да ме осудуваат и да му се посветат на сексот. Живот е прекраток за да имате секс само со една личност, заклучила вдовицата.
Кога станува збор за идеален партнер, таа категорично вели дека сака личност која ќе размислува исто како неа.
-Сакам мажи кои сакаат секс како јас, вели таа.
-Околу 60 % од паровите ќе доживеат изневерување. Доколку се повеќе отворени кон сексот, тоа би се случувало помалку, вели Луиза, која денес води и семинари за терапија на парови во кои ги поттикнува луѓето да зборуваат за своите сексуални фантазии.
Исто така, одржува и семинари на кои присутните може да имаат се*с меѓусебе. Таа има и своја компанија под името “Future Love”.
Таа тврди дека луѓето најмногу изневеруваат на Божиќ и Денот на Вљубените, но исто така смета дека жените се винновни за тоа.
-Празниците само ги вперуваат рефлекторите во сето она што е лошо во врските. Луѓето тогаш сфаќаат дека мора да се случува нешто повеќе во животот, од досаден секс со ист партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст