| четврток, 6 декември 2018 |

„Ние сме Македонија“: В недела протест во Скопје и во повеќе светски градови

Непартиското глобално движење „Ние сме Македонија” најави светски мировен протест в недела, на 4 март, со почеток во 13 часот, во центарот на Скопје.
Движењето со протестот изразува поддршка за почитување на основното човеково право за самоиндентификација.
Истовремено мирни протести е предвидено да се одржат и во Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – САД, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Окланд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка кои ќе бидат вклучени во живо со видеопренос во Скопје.
Движењето “НиеСмеМакедонија” започна со активности на 14 јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за прв пат се прочита декларацијата и беше врачена на македонскиот амбасадор во САД, Васко Наумовски.
Во декларацијата се бара итен прекин на разговорите околу името на државата што се водат под покровитество на ОН, неменување на уставното име- Република Македонија и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото.
Организатирите на овие протести бараат претседателот на државата да стави вето на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошнен процес во Собранието на Република Македонија.
Се бара и организира попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација.
Сега како никогаш порано, потребно е да се обединиме и оддадеме почит на секоја жртва положена за татковината, бидејќи тоа им го должиме на поколенијата, велат организаторите.
“Не седете мирно и не дозволувајте да останете без идентитет. Македонците мораат да се обединат за да ги одбранат основните човекови права за самоопределување и самоидентификација#, стои во описот на видеото кое неодамна беше поставено од движењето “Ние сме Македонија# од Австралија.
Протестот за одбрана на уставното име кој се одржа во вторникот, доби масовна поддршка, и покрај лошите временски услови. Повеќе илјади граѓани од улиците во Скопје побараа да не се менува уставното име, а нивните барања ги доставија и до Претседателот, Собранието, Владата на Република Македонија, и до сите странски амбасади во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top