| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена банка во Гостивар – им влегол со пиштол, им собрал милион денари

Во грабежот што се случил денеска околу 12 часот во Халк банка во Гостивар биле украдени еден милион денари.

Според првичните информации од полицијата, засега непознат сторител со качунка на главаа и пиштол влегол во банката и со закана побарал пари од еден од вработените, при што одзел милион денари. Потоа брзо ја напуштил банката и со возило паркирано пред објектот, во кое имало уште едно лице, се оддалечиле во непознат правец.

Полицијата соопштува дека се преземаат мерки за пронаоѓање на инволвираните и расчистување на случајот.

Пред само два дена беше ограбена експозитура на Шпаркасе банка на булеварот партизански одреди во Скопје. Грабежите на банките станаа секојдневие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top