Сметам дека двојазичноста дефинитивно ќе биде разнебитување на македонската држава. Тоа ќе повлече промена на Уставот, а таа промена ќе биде влегување во едно конечно разнебитување и пазарење на различни интереси така што ќе дојде до федерализација на Македонија, за да имаме второ Косово во Македонија, што значи поделба на Македонија како федерална држава, вели професорката по историја Виолета Ачкоска во емисијата Ѕид на Алфа Телевизија.
Според Ачкоска тој закон ќе биде дефинитивно крај на унитарна Македонија, на ваква како што ја имаме како држава и додава дека македонските пратеници кои во Собрание гласаа за законот за двојазичност, фактички ја ставија иднината на државата на маса и иднината на своите поколенија.
– Еден дел од оваа држава кој не ти признава химна, човек во Парламентот кој вика дека никогаш не станува на македонската химна, знамето македонско не се почитува. Замислете си кога ќе се донесе тој закон што ќе се случува од луѓе и политичари кои не го признаваат знамето, кои не ја признаваат химната, кои не сакаат да зборуваат на македонски јазик. Нека се замислат Македонците што натаму ќе следува во таа држава, истакна Ачкоска.
Во врска со изборот за претседател на Собрание таа уште еднаш повтори дека тој е избран нелегално со 59 пратеници и сите одлуки кои ги носи не се легитимни затоа што е нелегитимно избран претседател на Собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст