Државна болница во Најроби повторно е во центарот на вниманието откако управата призна дека на погрешен пациент му бил опериран мозокот.
Хирурзите дури после неколку часа од операцијата сфатиле дека оперираат погрешен пациент. За среќа, тој сега добро заздравува по операцијата.
Пациентот дошол во болница поради оток на главата кој требал да се излече исклучиво со помош на лекови. Но, на операцискиот стол завршил поради замена на идентификациските ознаки, потврди управителката на болницата.
Во истата болница, минатиот месец една жена, без проблеми влегла во родилиштето и со себе зела едено бебе. Претходно, една пациентка ја тужеше болница поради сексуална злоупотреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст