
Укинувањето на психолошкото тестирање за кандидатите за директори на државните институции како услов за вработување со образложение дека нема стручен кадар кој ќе развие соодветни психолошки тестови ги налути психолозите од земјава. Собранието во јануари изгласа измени во Законот за административни службеници со кои се укина психолошкиот тест како услов за вработување на државните службеници.
-Психолошки тестови можат да бидат зададени само од стручни лица – психолози и има многу стручни и одговорни лица што можат и знаат да задаваат тестови. Има стручни лица во нашата држава што можат и прават адаптација и стандардизација и има и такви што можат и знаат да изготвуваат нови тестови, вели за Факултети професорката Елеонора Серафимовска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на УКИМ.
-Во однос на психолошкиот тест, иако е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, проблем претставува фактот што во државата не постојат овластени правни лица што располагаат со соодветен стручен кадар кој ќе развие соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица – стои во образложението за предлог-законските измени кои се однесуваат на законите за образование.
Д-р Елеонора Серафимовска од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на УКИМ вели дека психолошкото тестирање е тема која деновиве е многу често експлоатирана и тоа, за жал, од нестручни лица (непсихолози).
– Како психолог и како некој што последните години се занимава со стандардизација на психолошки тестови, се чувствувам повикана да кажам барем нешто кратко во однос на оваа тема – вели таа.
Според професорката, има стручни лица во нашата држава што можат и прават адаптација и стандардизација и има и такви што можат и знаат да изготвуваат нови тестови. А психолошкото тестирање за тие што не знаат одамна се употребува во селекцијата на кадри, особено во одговорни професии.
– Психолошки тестови можат и смеат да задаваат само психолози, дури некои тестови можат и смеат да ги задаваат само психолози со помината специјализирана обука за конкретниот тест. Во светот психолошките тестови се употребуваат во многу различни области и со многу различни цели. Се употребуваат во војска, полиција, здравство, социјала, образование, наука, менаџмент на човечки ресурси… Се употребуваат за професионална селекција, професионална ориентација, во дијагностички цели, психотерапија… Нивната примена денес веќе не може едноставно да се дефинира. Единствено што се бара од психолозите е да постапуваат по етичките кодекси при нивната примена, вели професорката Серафимовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


