| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за финансии планира да потроши скоро 10.000 евра за вода, кафе и безалхохолни пијалоци

Министертвото за финансии-Управа за јавни приходи планира да потроши скоро 10.000 илјди евра за кафе, вода и безалхохолни пијалоци.

На официјалната страна на Јавни набавки стои оглас во кој под назив на договорниот орган е Министерството за финансии- Управа за јавни приходи додека предмет на договорот се вода безалхохолни пијалоци кафе и други производи.

Ова не е прв пат институциите да се однесуваат расипники со парите на граѓаните. Од кога новата влада дојде на власт институциите се однесуваат раскалашено и ги трошат народните пари непродуктивно и без усул.

Со ваквиот однос не се подобрува квалитетот на работењето на институциите ниту граѓаните имаат било каква корист или бенефит. Ваквиот тип на луксузирање и неодговорно однесување на институциите станува секојдневна пракса која не ја води државата кон просперитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top