Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против возилото пајак кое вчера ја нападна полициската службеничка Јасмина Јаначковска на Битпазар.
На прес конференција, министерот Оливер Спасовски изјави дека пајакот извршил кривично дело „напад врз службено лице“.
-Пајакот од марката Ивеко кој е вработен во Град Скопје, заработи кривични пријава за сторено кривично дело „Напад врз службено лице.“ Го повикувам обвинителството да реагира што е можно побрзо и да побара мерка притвор за возилото. За ова кривично дело Ивеко го очекува казна од 1 до 10 години затвор – изјави министерот Оливер Спасовски.
Спасовски додаде дека пајакот извршил уште едно дело, а тоа е обид за местење на Бекир Асани од ДУИ кој во медиумите првично беше прикажан како тепач на полицајката.
-Асани како вистински џентлмен се спротиставил на тоа што полицајката нелегално побарала да се дигне неговото возило и по долга борба успеал да ја заштити полицајката од ударите на пајакот. Таа му се заблагодари и закажаа заедничко кафе на улица Македонија, на кое таа најави дека во знак на благодарност ќе му испече пита и ќе му исплете шалче со логото на супермен. Се сомневаме за поврзаност на пајакот со претходната власт и можено организирање на терористичка диверзантска акција против Бекир Асани, – рече Спасовски.
Од Град Скопје рекоа дека пајакот кој е вработен кај нив, уште синоќа бил суспендиран и тргнат од улица за да не го продолжи насилството. Градоначалникот Петре Шилегов исто така излезе на прес конференција за трагичниот настан.
– Ова не е прв инцидент од овој пајак. Неколку автомобили се јавија и кажаа дека се истрауматизирани од начинот и однесувањето на пајакот. Истиот пајак вчера попладнето се обидел да ја нападне и директорката на на УЈП, Лукаревска. Она што ни го кажаа другите пајаци е дека тој бил под влијание на лоши холивудски филмови и во измитиот период во неколку наврати во 3Д ги гледал филмовите „Спајдермен“ и „Трансформерс“. – рече Шилегов.
Граначалникот на новинарите им достави ексклузивна фотографија од пајакот насилник.
Луди Чифут
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст