| четврток, 6 декември 2018 |

Четиригодишно дете почина од мали сипаници

Четиригодишно дете од Србија почина од мали сипаници, јавуваат медиумите на таа земја. Официлано, тоа е шеста жртва на оваа заразна болест во Србија.

Детето не било вакцинирано. Болеста е лабораториски потврдена, а на лекар дошла поради воспаление на белите дробови.

Најмладиот пациент кој почина од морбили во Србија имаше само 15 дена, а највозрасниот 65 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top