Жителите на североисточното крајбрежје на САД се подготвуваат за силната бура, наречена „бомба циклон“ која може да предизвика поплави во регионот од државата Мејн до Северна Каролина.
Под закана на циклонот, во делови на Калифорнија наложена е евакуација на повеќе од 30 илјади лица, а надлежните одат од врата на врата и го предупредуваат локалното население на опасноста од бурата.
Локалните власти упатија апел и до жителите на крајбрежните места на истокот да бидат подготвени за евентуална евакуација со оглед на тоа дека бурата е проследена со силен ветар и обилни врнежи.
Метеоролозите предупредуваат дека комбинацијата од обилни врнежи и силен ветер би можела да предизвика поплави во крајбрежните делови на Бостон.
Локалните власти предупредуваат дека поради можноста брзината на ветрот да достигне до 120 километри на час можни се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
– Луѓето мора ова да го сфатат многу сериозно, изјави гувернерот на Масачусетс Чарли Бејкер, апелирајќи жителите да се подготват за евентуална евакуација.
Синоптичарите предупредува дека куќите, кои се наоѓаат на брегот на океанот може да бидат уништени од големи бранови, а оние што живеат во ниско поставени населби, може да бидат отсечени од светот со часови или дури денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст