| четврток, 6 декември 2018 |

Армен Саркисјан нов претседател на Ерменија

Ерменскиот парламент го избра Армен Саркисјан за нов претседател на земјата. За негово назначување, гласаа 90 пратеници, а 10 беа против. 64 годишниот Саркисјан е актуелен амбасадор на Ерменија во Велика Британија и е поранешен премиер на земјата.

Тој на функцијата ќе го замени Серж Саркисјан, кој според опозицијата, не може да стане премиер на земјата и така да ја задржи својата моќ. Серж Саркисјан кој не е во роднинска врска со идниот претседател го номинираше Армен Саркисјан како избор на партијата на републиканците на 19 јануари. По референдумот во 2015 година Ерменија го промени системот во парламентарна република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top