Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри на Украина да и бидат продадени противтенковски ракетни фрлачи „Џевлин”, соопшти Пентагон.
Цената за евентуалниот купопродажен договор ќе изнесува 47 милиони долари.
– Системот „Џевлин“ ќе и помогне на Украина во изградбата на нејзиниот долгорочен одбранбен капацитет за да го заштитува суверенитетот и територијалниот интегритет и така да ги задоволи барањата на својата национална безбедност, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на САД.
Во него се оценува дека евентуалната продажба нема да ја промени воената рамнотежа во регионот.
Стејт департментот, од кого зависи дозволата за таквата продажба, го информирал Конгресот дека има намера да ја одобри зделката. Сега, Конгресот има 30 дена да ја блокира, но американските медиуми оценуваат дека не се очекува тоа да се случи.
Конгресмени од Републиканската и Демократската партија одамна лобираат да се случи таа продажба.
Во информацијата за Конгресот, Стејт департментот посочува дека има намера да продаде вкупно 37 комплекси со 210 американски проектили „Џевлин“. Ракети ќе се набават од постојните резерви на американската војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст