| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел го тресе Балканот

merkelАнгела Меркел го тресе Балканот. Откако со изговор за презафатеност нема да учествува на прославата во Загреб по повод хрватскиот влез во ЕУ, што пак ги натера Хрватите на преиспитување, денеска германската канцеларка со порака до Белград: прво исполнување на бриселскиот договор со Косово до декември, ако се сака конференција за почеток на преговорите во јануари.

Хрватска во таквиот однос, прво најавено присуство на Меркел, а потоа нејзино откажување, гледа во случајот „Перковиќ“, за кој неодамна пишуваше „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Пред пратениците што денеска одлучуваат за германскиот став кон Србија на европскиот состанок, Меркел посочи дека пред членството во ЕУ Белград мора во целост да ги нормализира односите со Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top