| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 35 жени – сакале да гледаат фудбал

Во Иран се уапсени 35 жени кои сакале да гледаат фурбалски натпревар.

Тие сакале да го гледаат градското дерби на два тима од Техеран , но полицијата ги привела . Од таму велат дека ќе бидат ослободени кога ќе заврши натпреварот .

На настанот присуствуваше и доректорот на ФИФА , Џани Инфантино , како и министерот за спорт на Иран , Масуд Султанифар.

Во моментот кога еден од новинарите го праша министерот кога жените ќе може да присуствуваат на фубалските натревари , телевизискиот пренос беше прекинат.

За да биде срамот поголем , од полицијата излегоа со соопштение дека жените не биле уапсени , туку дека полицијата ги префрлила на безбедно место .
Во Иран на жените им е забрането да гледаат фудбалски натпревари уште од 1979 година , по Исламската револуција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top