| четврток, 6 декември 2018 |

Осуден насилник поставен за директор на училиште во Аеродром?

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, поставил осуден насилник за директор на основното училиште “Лазо Ангеловски”, кое е едно од најголемите училишта во Скопје – пишува порталот Инфомакс.

Се работи за Перо Арсеновски кој е поставен да го води ова училиште во кое учат повеќе од 1000 ученици.

До редакцијата на Инфомакс стигнале документи кои сведочат дека во 2013-та Арсовски бил тужен и осуден за семејно насилство врз своето семејство, а при тепањето на неговата сопруга и нанел телесни повреди.

Во документите кои ги објави Инфомакс, може да се види дека актуелниот директор на основното училиште “Лазо Ангеловски”, Перо Арсеновски, во два наврати е тужен за семејно насилство, при што првиот пат Основното јавно обвинителство поднесува обвинителен предлог за нанесување на телесни повреди врз сопругата, а вториот пат за непочитување на пресудата донесена при првата тужба.

Во објавените документи може да се виде дека Перо Арсеновски при малтретирање на својата сопруга се служел со тупаници, шлаканици и и нанел сериозни телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top