Од сега па натаму прашањето за името на Република Македонија ќе биде одговорност на владата, но тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде надвор од процесот, смета првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа беше малку метафорично кажано, кој разбра разбра во тој момент. Но, гледам дека Владата тоа си го сфати здраво за готово, и до овој момент не не информирала што се случува на таа лидерска средба. До денеска сведоци сме на многу изјави на многу медиуми, имаме пиши-бриши интервјуа и политики, дипломатија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервјуто на Канал 5 во емисијата Само Вистина.
Мицкоски потенцираше дека по лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ е тотално изолирана, а за преговорите за името дознава од медиумите. Тој додаде дека на лидерската средбите со Заев се договориле да одржуваат состаноци но за жал владата земала се во свои раце, а тие како најголема опозициона партија не се информирале за динамиката на која се водат преговорите за името.
–Ја повикувавме владата дајте да се договориме да не информирате што се случува. Ние не знаеме што се случува, сепак се одлучува за нашата држава, се одлучува за најгорливото прашање, за најемотивното прашање за граѓаните на оваа држава, додаде тој.
Според него ако се исклучи пиши-бриши дипломатијата, односно еднаш кажано едно, после кажано друго и ако се фокусира сериозно на процесот кој според него е загрозен од какафониите кои се случуваат во минатото, ВМРО-ДПМНЕ има јасен и принципиелен став дека нема да прифати промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст