Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, изјаве дека на 27 април се случила реакција на народот на нелегалниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија.
Мицкоски потврди дека дента на 27 април бил пред Собрението и дека се обидувал да ја разубеди толпата да изврши упад во Собранието, за „да не потлегне на провокациите на инженерот“, притоа не посочувајќи конкретно никого. Тој рече дека државата има свои органи кои треба да дадат одговор што се случи тој ден.
Запрашан од водителката да одговори кој е организатор на настаните, тој одговори дека на крајот на денот ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби од немилите настани кои се случија во Собранието, па по тоа се гледа дека тие не се организатор на насилството.
-Најмногу доби некој друг, а кога не знаете кој е инженерот на инженеронгот, погледнете кој добил најмногу. Она пто е важно да се каже е дека тој ден имаше нелегитимен избор на претседател на Собранието, акција којашто е спротивна на Деловникот и законите. Така што логично е во таков тензичен ден да го искористите својот авторитет како личност дел од луѓето кои емотивно реагораат да ги разубедите да не подлегнуваат на инженерингот, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


