| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот полициски синдикат бара да се расчисти случајот со нападот врз полицајката

Македонскиот полициски синдикат го повика Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот со функционерот на ДУИ кој утрово нападна полицајка.

„Македонскиот полициски синдикат најостро го осудува денешниот вербален напад од страна на познат граѓанин кој е дел од политичкиот живот на Република Македонија врз полицискиот служеник кој преземал полициски овластувања при вршење на службени задачи. Ваквите акти претставуваат директен атак врз полициската професија и се уште повеќе загрижувачки кога доаѓаат од граѓани кои треба да се залагаат за почитување на правниот поредок во државата. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи во целост да го расчисти случајот, а со тоа и да ја зголеми сигурноста на своите вработени“, порачаа од синдикатот.

Додаваат дека во таа насока Македонскиот полициски синдикат до Министерствата за внатрешни работи и Министерството за правда предложил определени решенија кои ќе придонесат за поголема заштита на полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top