| четврток, 6 декември 2018 |

Ерменија го отфрли мировниот договор со Турција

Ерменија денеска го поништи мировниот договор, потпишан со Турција во 2009 година, со кој требаше да се прекине 100-годишното непријателство меѓу двете држави.

“Ерменскиот претседател Серж Сарксјан на состанокот на Советот за национална безбедност истакна дека се поништени ерменско-турските протоколи”, изјави Владиомир Хакобјан, портпарол на ерменскиот претседател.

Портпаролот на МНР на Ерменија, Тигран Балајан напиша на социјални мрежи дека претседателот Сарксјан ги прогласил ерменско-турските протоколи за „ништовни“. Двете држави потпишаа мировен догвоор во октомври 2009 година заради обнова на врските и отворање заедничка граница по едновековните непријателства предизвикани од масовните убиства на Ерменци од страна на отоманските сили во Првата светска војна. Протоколите никогаш не беа ратификувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top