Задоволен сум што во своите заклучоци, претседателот Јункер вети сериозна инфраструктурна поддршка за проекти што треба да ги поврзат земјите од Западниот Балкан меѓу себе и со целиот регион, рече премиерот Зоран Заев по работната средба меѓу лидерите на земјите-членки на Западен Балкан и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Фредерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан
Зборувавме за милијарди евра, пари кои се однесуваат и на коридорите и на севкупната поврзаност.
-Како премиер на Република Македонија сум среќен, заради тоа што навистина нашите перспективи во Европската унија се водилка и кон стабилноста, но и кон реформските процеси кои што се случуваат во Република Македонија. Се надевам дека ваквите сериозни позитивни пораки ќе овозможат дополнително охрабрување на институциите и на институционалната поставеност на Македонија, за да испорачаме завршеток на реформите во Македонија на еден суштествен начин. Правосудството е многу важно, медиумската сфера е многу важна, реформата на јавната администрација, исто така и реформите на тајните служби и Министерството за внатрешни работи, рече Заев.
Премиерот истакна дека Владата е посветена на оваа агенда и е убедена дека до Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во мај во Софија, ќе можеме да се пофалиме со завршени резултати, како што и досега тоа го правиме во Република Македонија.
-Навистина, честа што оваа посета на Западен Балкан започна од Република Македонија, претставува и обврска исто така да се одржи континуитетот, да се биде буквално успешен во реформите, во очите на Европската унија, која што не проверува, не чекира и не потврдува, во делот на спроведувањето на реформите, рече тој.
Истовремено, нагласи Заев, постои чувство на одговорност да се сподели со граѓаните и со институциите дека навистина треба до крај да ги испорачаме реформите.
–Македонија има шанси, нашите очекувања се, во април да добиеме безусловна препорака, а во јуни да добиеме датум за отпочнување на преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


