
Словачката полиција приведе седум лица во рамките на истрагата за убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак, изјави шефот на полицијата Тибор Гашпар, пренесуваат локалните медиуми. Засега нема повеќе детали. Гашпар претходно изјави дека полицијата извршила претреси на поголемиот број адреси на истокот од Словачка поврзани со луѓето за кои новинарот се интересирал.
Новинарот и неговата вереница се убиени од огнено оружје во нивниот дом минатиот викенд. Гашпар не ги објави имињата на приведените, но изјави дека рациите се поврзани со италијанскиот бизнисмен, кој наводно е поврзан со италијанската мафија, за што Кучијак пишувал во својот последен, постхумно објавен текст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


