| четврток, 6 декември 2018 |

На Плитвички Езера 147 сантиметри снег

Хрватска и понатаму е на удар на поларниот бран, со ниски температури какви што не се паметат последната деценија, но и со рекордни наноси снег во одделни делови на земјата.

Па така, според хрватските медиуми, во Делница се измерени 182 сантиметри снег, со што е соборен досегашниот рекорд од 1984 година, кога висината на снежната покривка била 175 сантиметри. Во Огулин паднале 118 сантиметри снег, додека на Плитвичките Езера има 147 сантиметри, што досега не било забележано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top