Женските списанија постојано пишуваат совети како да постигнете задоволство во креветот, но и трикови како да ги освоите и задржите мажите во вашиот живот.
Списанијата кои ги учат жените за уметностите на задоволување на мажот, сега тврдат дека треба да заборават на сите други совети. Затоа, отфрлете ги старите верувања бидејќи очигледно ништо од тоа не е вистинито – мажите всушност сакаат други работи во креветот.
Мажите сакаат секс со “порно ѕвезда”
Секако, речиси сите мажи гледаат порно филмови, но тоа не значи дека сакаат да играат разни порно сцени во спалната соба. Гледањето на еротски филмови може да ве охрабри да испробате нешто ново, но тоа не значи дека треба да ги реплицирате сцените во вашиот кревет.
Мажите не сакаат предигра
Иако мажите лесно се возбудуваат, тоа не значи дека се заинтересирани само за секс. Тие се исто така заинтересирани за предигра, посебно кога знаат дека нивната партнерка ужива и даваат сè од себе за да ја задоволат пред да прејдат на главното уживање.
Мажите се задолжени за кондомите
Сигурниот секс е заедничка одговорност, затоа погрижете се да знаете повеќе за контрацепцијата. Доколку вашиот однос трае, мажите очекуваат од вас да бидете одговорни за пилули за контрацепција.
Мажите сакаат стимулација на анусот
Постои уште една лекција која женските списанија ја пропагираа со години, а не е воопшто точна – барем не во целост. Вистина, некои мажи немаат ништо против ваквите мали акции, но пред да прејдете на ова подрачје, прашајте го или барем полека дадете му до знаење во која насока се движите.
Мажите сакаат жената да биде гласна
Поголемиот дел од мажите не уживаат во секс во кој жената е тивка, но премногу гласните жени исто така не се сон на секој маж. Бидете природни и не додавајте непотребни и посебни звучни ефекти.
Мажите сакаат да ги контролираат работите во креветот
Уште еден мит кој владее е дека мажите сакаат да ги контролираат работите во креветот. Посебно мажите кои се во долга врска – тие сакаат жените да ја преземат иницијативата и да додадат нова енергија во сексуалниот однос.
Мажите се секогаш расположени за секс
Мажите постојано размислуваат на секс и секогаш се расположени за истиот – погрешно! Мажите, во глобала, се многу нервозни околу ова прашање: тие се плашат од тоа дали ќе бидат успешни љубовници, како ќе изгледаат во кревет, дали ќе ви се допаднат нивните допири итн. Прекумерната грижа или некој друг облик на незадоволство го отежнува постигнувањето на ерекција кое може да предизвика анксиозност.
Извор: Точка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст