| четврток, 6 декември 2018 |

Ременски: Ако членовите на ДКСК не поднесат итна оставка, ќе биде покрената постапка за нивно разрешување

Ревизијата на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на непочитување и злоупотреба на законските одредби, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните, токму од страна на Комисијата која што треба да се грижи за спречување на злоупотреби на правата и обврските на институциите и сите избрани функционери во државата, порача пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.

Според неа, членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја вршат оваа функција ниту еден ден повеќе.

„Од тие причини, доколку членовите на Антикорупциската комисија веднаш не поднесат итна и неотповиклива оставка, во Собранието на Република Македонија, како орган кој е надлежен за изборот на членовите на ова тело, ќе покренеме постапка за нивно разрешување. Нема да има толеранција за коруптивно и расипничко однесување на ниту една институциja и на ниту еден функционер во Република Македонија“ порача Ременски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top