| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид изработи уникатен ретро дрес наменет само за фановите

Реал Мадрид е еден од клубовите кој најмногу заработува од продажба на дресови, а сега со еден потег си обезбеди воодушевување меѓу навивачите на тимот, а истовремено и полна каса од продажба на дресови во наредниот период.

„Кралскиот клуб“ во соработка со Адидас изработи уникатен ретро дрес кој ќе биде посветен само на фановите, односно дрес кој е специјално дизајниран по вкусот на навивачите и кој воедно нема да го носат играчите на ниту еден официјален меч.

Дресот на фановите им го прикажа Бензема, а Реал во своето соопштение најави дека истиот е пуштен во продажба во лимитирана бројка со што автоматски го прави поавтентичен од останатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top