| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во „Веибо груп”: Работниците со жив штит ја чувале капијата

По завчерашната драма во фабриката за текстил Веибо во Крива Паланка кога по втор пат работниците не и дозвиолија на управителката Кристина Јакимова да излезе од објектот, синоќа повторно се одвивала голема драма кога пристигнал камион кој требало да товари нешто од фабриката, јави Канал77.

Работниците се организирале и со жив штит ја бранеле капијата за никој да не излезе од неа.

Лидија Стеванова, претставник на вработените вели дека трпението им е при крај и нема да заминат од таму додека не дознаат што се случува.

За потсетување, тензиите во Веибо траат два месеци поради неисполнетите ветувања од страна на раководството за исплата на трите заостанати плати, придонеси и прекувремени работни часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top