Легендата на светската одбојка, Србинот Владимир Вања Грбиќ во интервју за неделникот „НИН“ говори за општеството во Србија, за српскиот народ, а од неговите зборови денешните деца може да извлечат многу поуки.
– Ние сме поган народ, ги јадеме своите деца. Го уништуваме најдоброто, не го почитуваме најдоброто, ги обожаваме или ги оплакуваме дури кога ќе ги закопаме. Живееме во време во кое површноста се цени најмногу. Лагата е основно средство за комуникација, а измамата е начин на живот. Но, се ова ќе помине. Ќе падне маската – вели Грбиќ во интервјуто за НИН.
Поранешниот најдобар играч на светот и селектор на српската репрезентација е член на Куќата на славните.
– Човек додека зборува со некого не може да знае какво влијание ќе остави тој состанок на него и кои зборови ќе му се враќаат во глава. Во последните две години малку ме има во медиумите. Новинарите, не знам од која причина се плашат од мене – вели Грбиќ, кој секогаш го избира патот по кој поретко се оди.
Грбиќ запиша докторски студии на државниот факултет во Белград.
– Истражувањето кое го работев последните четири години е објавено во странско списание, така што стекнав услови да докторирам за два месеци. Со ова ќе бидам еден од ретките олимписки шампиони кој ќе биде доктор – вели Грбиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст