| четврток, 6 декември 2018 |

Во Албанија официјално има епидемија на морбили, две бебиња починале

Заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли изјави дека Албанија и официјално е во состојба на епидемија на сипаници.

Таа во емисијата „Топ шоу“ на тиранската телевизија „Топ чанел“ изјави дека има зголемување на бројот на заболените и сомнителни случаи.

– Официјално сме во епидемија на морбили, бројките секојдневно растат. Имаме 186 заразени и најмалку 400 други сомнителни или се врши анализа на земените мостри, истакна Ракацоли.

Таа додаде дека она што посебно ги загржува албанските бели мантили е фактот што 70 отсто од заразените се бебиња до една година, типологија што не се случила во ниту една од европските земји каде имало епидемија на мали сипаници.

– Она што останува нејасно е фактот дека во Албанија речиси 70 отсто од заразените деца се на возраст до една година, додека во ниту една од европските земји каде има епидемија ја нема оваа физиономија. Ги испитуваме причините што се поврзани со фактот дека мајките на овие деца можно е да се родени во 80-тите или 90-тите години од минатиот век, или можеби не ги доеле, нагласи Рацаколи.

Според неа Министерството за здравство е подготвено да се справи со секоја ситуација.

Инаку, во Албанија регистрирани се два смртни случаи како последица од морбили, едно четиримесечно и едно осуммесечно бебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top