| четврток, 6 декември 2018 |

ВАР технологијата ќе се користи на Мундијалот во Русија

Одлуката за воведување на видео технологијата на Светското првенство што годинава ќе се одржи во Русија се очекува да биде донесена од раководството на ФИФА во сабота.

Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино е поддржувач на ВАР технологијата, па затоа се очекува системот да биде достапен на Мундијалот.

Прашањето за воведување на видео технологијата за време на Светското првенство беше дискутирано на состанок во Сочи. Таму е договорено во иднина тренерот на клупата да може да добие податоци и водство во текот на натпреварите директно од неговите аналитичари на трибините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top